Георгиески: Временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање на пожарот на Галичица

од Берта Китинска
248 прегледи

Рано утринава, согласно заклучоците на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипа составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид се упати на терен, за да направи увид на состојбата со пожарот на планината “Галичица” и да делува каде што има потреба, информираше  градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески .

-Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризниот штаб оценија  дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата.Остануваме во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали навремено ќе ја информираме јавноста, соопшти Георгиески.