Расел потпишува со Мерцедес, Ботас го менува Кими во Алфа Ромео

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, наводно, потпишал договор со Мерцедес и е на чекор до приклучување кон тој Формула 1 тим.

Според „Дејли Мејл“, 23-годишниот Британец потпишал договор на трката во Холандија во неделата во канцеларијата на директорот на Мерцедес, Тото Волф. Во неделата се одржа трка во Зандворт, а Расел го освои 17 -тото место.

Така тој ќе вози Мерцедес со својот сонародник, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, од следната сезона.

„Дејли Мејл“ објави дека Мерцедес може да го потврди доаѓањето на Расел оваа недела, пред трката во Италија.

Освен Хамилтон, оваа сезона за Мерцедес вози Валтери Ботас, кој, како што се шпекулира, би можел да се пресели во Алфа Ромео, откако Кими Раиконен објави дека ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната.

Слични содржини