Израелската армија вечерва бомбардираше неколку цели во појасот Газа, како одмазда за пожарите што избија откако Палестинците лансираа запаливи балони.
Израелските сили бомбардираа позиции околу Кан Јунис, објави „Ерусалим Пост“.
Претходно, во Шар Ханегев избија три пожари, а израелските власти тврдат дека причината се запаливи балони, лансирани од појасот Газа.