Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ 24 зборувајќи на темата за престојните локални избори, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е убедлив фаворит за победа во Општина Аеродром.
-Во моментот трае едно такво мерење на јавното мислење, би рекол четврто во Аеродром и бидејќи до сабота е последниот рок до 11-ти, ќе донесеме одлука за тоа кој ќе биде кандидатот затоа што многу внимателно бираме. Таму ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и сакаме навистина решението кое што ќе го понудиме, да биде решение кое што ќе го одберат мнозинството жители на Општина Аеродром. Така што се надевам, набрзо односно сум сигурен дека до сабота мораме да го објавиме бидејќи истекува рокот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.