Младите се повеќе го шират вирусот, надлежните со повик за помасовна вакцинација

од Берта Китинска
268 прегледи

Во моментов акцентот во земјава  се става на важноста да се вакцинираат и помладите граѓаните.

Надлежните посочуваат дека оваа категорија е помалку заштитена, и токму тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Затоа, во четврток ќе се отвори пункт во рамките на кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ каде со кадарот од Универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација и на помладите.

Министерот Филипче потенцира дека вакцините на „Фајзер“ се препорачани и безбедни и за децата од 12 до 18 години.

Инаку, на самиот почеток на новата учебна година, веќе се во изолација неколку паралелки во Велес, Штип и Прилеп поради ученици кои се позитивни на ковид-19.

Слични содржини