Ковид пандемијата не беше само удар врз здравствениот систем, туку врз повеќе сегменти и сектори насекаде во светот, вели министерот за здравство Венко Филипче.
– За оваа пандемија постојат уште многу неодговорени прашања, многу научни студии, многу дилеми, околу тоа како настана пандемијата. Но еден одговор е сигурен, а тоа е дека вакцината го спаси светот. И тоа се потврдува со секоја нова вакцина, кои се бенефитите од неа се почувствува во сите сегменти од општеството. Сведоци сме дека секоја варијанта на вирусот многу брзо прогреситра и многу брзо се шири, но вакцините покажаа колку општетствата имаат економски и технолошки прогрес. Пандемијата ни покажа каде најмногу треба да се вложува во здравствениот систем. Најголемиот влог е во луѓето – здравствените работници, вложуваме во капацитети и опрема, се со цел да обезбедиме подобри и посовремени здравствени усуги за граѓаните. На денешниот панел на Конференцијата за економско пост-ковид закпренување, посочив дека пандемијата потврди дека меѓу најранливите на вирусот се и хронично болните, така ги димензиониравме и реформите за заштита и третман на овие пациени. Направивме систем за полесен пристап до здравствена заштита на пацинетите и граѓаните. Искуствата од кризата се уште една научена лекција од потребата за фрекфентно координирано работење на сите институции не само во здравствениот ситем. Еден од главните партнери во менаџирањето на кризата беша Светска Банка и без нејзината поддршка ќе беше потешко да се менаџира ситуацијата посебно земајќи ја предвид флексибилноста што ни ја покажаа за време на пандемијата, рече Филипче.