Врховниот суд на Мексико пресуди дека секоја казна на жените за абортус е неуставна и едногласно го укина законот на сојузната држава Коахила, кој го квалификуваше абортусот како кривично дело.
Денешната одлука се однесува само за малата федерална држава на границата со Тексас, но тоа е „задолжителен критериум за сите судии во Мексико, кои ќе треба да го почитуваат“, рече претседателот на Врховниот суд, Артуро Залдавар, пренесува АП.
Во Мексико, само четири федерални држави – Мексико Сити, Оаксака, Веракус и Идалго дозволуваат абортус, додека во останатите 28, абортусот е казнив.
Врховниот суд во неколку наврати донесе одлука во корист на жените кои во неколку наврати беа осудени на затворска казна за абортус, но ова е првпат недвосмислено да одговори на основното прашање дали абортусот е кривично дело.