Протест на КСОМ и НСП

од Берта Китинска
417 прегледи

Конфедерацијата на синдикални организации денеска заедно со Независниот синдикат на полицијата одржаа протест, кој започна како поворка од автомобили кои поминаа низ центарот на Скопје и завршија пред Владата.

Од Независниот полициски синдикат велат дека протестот е резултат на незадоволството кое владее кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор потпишан во мај, со кој правата на овие вработени, како што велат тргнале по надолна линија.

Фото:Притнскир

Слични содржини