Осум Бразилци нема да играат во Премиер лигата претстојниот викенд

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Осум клубови од Премиер лигата претстојниот викенд ќе играат без членови на бразилската репрезентација.

Ливерпул, двата клуба од Манчестер, Челси и Лидс ќе бидат погодени од одлуката на бразилските претставници кои пред ФИФА се повикаа на правилото за казнување на играчите кои не играат за време на паузата за репрезентации.

Бразилците се решија на овој потег откако клубовите од Премиер лигата одлучија да спречат настап на нивните играчи доколку тоа подразбира патување во земјите кои се на црвената листа на Англија. Како што е Бразил.

Се работи за петдневна казна за сите играчи кои клубовите не дозволуваат да играат за своите репрезентации.

Таа ќе го опфати периодот од 10 до 14 септември.

Така, Тиаго Силва од Челси и Фред од Јунајтед ќе ги пропуштат не само натпреварите во Премиер лигата, туку и натпреварите на отворањето на Лигата на шампионите.

Најтешко погоден од оваа одлука е Ливерпул, кој остана без Алисон, Фабињо и Фирмино, кои веројатно не би ни играле поради повреда.

Сити останува без Едерсон и Хесус, додека истото важи и за Рафиња, кој не дебитираше во дресот на репрезентацијата.

Интересно, Евертон и Рафиња беа исклучени од одлуката. Наводно, причината е во добри односи со локалната федерација поради фактот што го пуштиле напаѓачот да настапи на Олимписките игри кога не биле обврзани да го сторат тоа.

Слични содржини