Филипче: Нашата држава е народот, сите вечерва сплотено ја отсликаа нашата мултикултурна традиција

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Нашата држава е народот. Рудари, земјоделци, здравствени работници, пожарникари, млади, припадници на армијата, полицијата, спортот, културно-фолклорните друштва, Црвен Крст, сите тие вечерва сплотено ја отсликаа нашата мултикултурна традиција, нашата европска определба, институциите на државата, нашето општество денес, еднакво за сите граѓани, сподели министерот за Здравство, Венко Филипче на својот ФБ прил и го честиташе Денот на независноста.

Државниот врв, претставници на институции, на граѓанското општество, верските заедници, амбасадори и други членови на дипломатскиот кор, беа дел од присутните на централната прослава пред зградата на Собранието.

Настанот беше отворен со изведба на симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на 30-годишнината од независноста, а ја изведе Филхармонијата на С. Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.

По дефилето, Филхармонијата повторно изведе уметнички акт кој беше сочинет од исполнување на „Ода на радоста“ од Бетовен со солисти од Националната опера и балет, како и кореографија од учениците од балетскиот оддел од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“.

Овој дел од програмата се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Слични содржини