Филипче потврди дека има жртви по пожарот во ковид-центарот во Тетово

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил потврди дека има жртви по пожарот кој го зафати ковид-центарот во Тетово.

Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, посочи Филипче.

Сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените, додаде тој.

– Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани, напиша министерот.

Слични содржини