Мицкоски со апел: Итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово

од Берта Китинска
297 прегледи

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, напиша Мицкоски.