До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне

од Берта Китинска

Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша на твитер министерот Венко Филипче, кој веќе е во Тетово и во секој момент се очекува да соопшти детали за пожарот.

Дека има голем број на починати потврди и премиерот Зоран Заев во објава на фејсбук. Во моментов се очекува некој да даде изјава и да ги соопшти црните податоци за вечерашнава несреќа.

Слични содржини