Илиевски: Јас бев главен фаворит на анкетите за кандидат за градоначалник на Куманово

од Берта Китинска
475 прегледи

Јас нема да бидам прв татко на градот, туку градоначалник кој ќе ги реши комуналните и проблеми на Куманово. Веќе неколку месеци се шпекулираше кој ќе биде кандидат за градоначалник, а Максим Димитривски не го дочека изјаснувањето на Централниот одбор., рече денеска Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

-Имавме внатрепартиска анкета во Куманово, на неа се одлучи кој треба да се кандидат за градоначалник. Јас бев главен фаворит на анкетите, околу 3.500 наши членови се анкетирани, таа анкета јасно покажа кој треба да е кандидатот. И да не отидеше Димитривски како независен, мислам дека јас ќе бев кандидатот на партијата за градоначалник, кажа Илиевски.

Слични содржини