Инсистирам да има одговорност, но не знам дали сега постои основ за тоа, вели Пендаровски

од Берта Китинска
213 прегледи

Јас инсистирам да има одговорност и морала и политичка .Во овој момент не знам дали постои основ за таква одговорност. Она што го знам е дека во што побрз период да се излезе со истрага и извештај за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива и не сака да истражи, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски кој денеска ја посети модуларната болница во Тетово каде во пожар загинаа 14 лица .

Пендаровски напомена дека очекува од јавниот обвинител да го заврши извештајот барем за пет дена и дека не смее да се . дозволи истрагата да трае со месеци.

– Потребен е брз и темелен одговор без паузи во истрагата. Државата барем сега не смее да падне на овој испит, вчера славевме 30 години независност, треба да покажеме дека ја заслужуваме таа државност со сите нишани, објасни Пендаровски.