Бритни се огласи на Инстаграм откако нејзиниот татко побара прекин на стрателството

од Vladimir Zorba
274 прегледи

БРИТНИ СПИРС се огласи на Инстаграм откако нејзиниот татко Џејми Спирс се повлече како нејзин старател.

Пејачката сподели со обожавателите фотографии од еден од нејзините настапи во кои беше фотографирана со австралиската раперка Иги Азалеа со значаен опис.

„Иги и јас на сцената. Беше забавно да се работи со толку силна жена како неа … Бог да те благослови и ти благодарам за убавите зборови. П.С иако насловот на песната е „Убави девојки“, мислам дека концептот е се уште нешто како одмазда на глупаците“, напишала Бритни во описот на објавените фотографии и зборот „одмазда“ го привлече вниманието на фановите.

Фановите и напишаа на пејачката во коментарите дека го паметат овој настап и дека е многу убаво да се види на сцена. Многумина и напишаа дека конечно е слободна и ја поврзаа нејзината објава со нејзините претходни тврдења кога таа рече дека нема да настапува додека е под грижа на нејзиниот татко.

„Многу сум среќен за тебе, ќе те спасиме“, „Уште една победа“, „Наскоро ќе бидеш целосно слободна“, се само некои од коментарите.

Иги се јави и и рече на Бритни дека ја обожава и дека е „премногу генијална за овој свет“, кој не ја разбира.

Да потсетиме, Џејми Спирс неодамна побара од судот во Лос Анџелес целосно да го прекине неговото 13-годишно старателство над пејачката.

Слични содржини