Зошто Израел се соочува со нов бран на пандемијата, и покрај големиот број вакцинирани?

од Nikola Popovski
246 прегледи

Израел, кој беше лидер во глобалната трка за победа на коронавирусот, сега е едно од најголемите жаришта на пандемијата. Зошто се случи ова кога во земјата има голем број вакцинирани лица?

Според рускиот портал „Доктор Питер“, повикувајќи се на „Блумберг“, на почетокот на септември, Израел се соочува со нов бран на коронавирусот. Според статистичките податоци, Израел бележи рекорден број на заразени со Ковид 19 на дневно ниво.

Експертите посочуваат дека новата висока стапка на инфекции во Израел е поврзана со фактот дека луѓето масовно биле тестирани пред почетокот на учебната година во земјата. Посериозна причина за новиот корона-бран, кој ги загрижува властите во земјата, е тоа што заштитата што ја обезбедуваат вакцините почнува да ослабнува поради активноста на многу позаразниот делта-сој.

Се посочува дека вакцините продолжуваат да штитат од тешкиот тек на болеста, иако стапката на смртност во земјата нагло се зголеми во последниот месец.

Експертите од британскиот „Дејли Мејл“ стравуваат дека вистинските податоци за бројот на пациенти во Велика Британија, САД и Израел јасно покажуваат дека ефективноста на вакцините почнала да опаѓа.

Според најновите податоци, вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ сега го намалуваат ризикот од хоспитализација за 75 проценти, наместо за 95 проценти кога првпат се појавиле.

Британска студија, спроведена од Кралскиот колеџ во Лондон минатата недела, покажа дека две дози од вакцината станале значително помалку ефикасни во борбата против болеста.

Контролата на имунитетот кај 8.000 Израелци кои ја примиле вакцината „Фајзер“ покажа дека типичната концентрација на антитела на „Ковид 19“ опаднала околу 10 пати шест месеци по вакцинацијата. Научниците ги објавија своите заклучоци на веб -страницата „medRxiv“.

„Ова уште еднаш укажува на потребата од ревакцинација меѓу сите ранливи групи“, пишуваат истражувачите.
Израел од јуни води кампања за ревакцинација на лица постари од 60 години.

Слични содржини