Модерна создава нова вакцина која ќе штити од Ковид-19 и грип

од Nikola Popovski
369 прегледи

Фармацевтската компанија Модерна објави денеска дека развива нова вакцина против Ковид-19 во една доза, која комбинира засилувачка доза со експериментална вакцина против грип, пренесува Танјуг.

„Веруваме дека имаме голема можност пред нас, ако можеме да пласираме високоефективна, општа анти-респираторна вакцина на годишно ниво на пазарот“, рече извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, пренесе Ројтерс.

Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања за возрасни.

Модерна веќе развива неколку вакцини против вирусот, се додава.

Слични содржини