„Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени се на јавен обвинител“, рече утрово координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини во врска со пожарот во болницата во Тетово.
„Пожарот треше 3-5 минути. за тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, рече Нуредини додавајќи: „Мене ми е чудно…и суво дрво да беше немаше да изгори за толку кратко време, но да видиме што ќе кажат експертите“.