ДРАМА ВО ТЕТОВО: Син сам го земал телото на починатата мајка и избегал од болницата

од Берта Китинска
410 прегледи

Ноќеска (10 септември) десетина минути по полноќ, вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека петнаесетина минути пред тоа едно лице дошло, го зело и потоа во возило “форд“ го ставило телото наводно на неговата мајка, а која претходно починала од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.