Роналдо: Ќе бидам малку нервозен, но подготвен сум за предизвикот

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Кристијано Роналдо, ден пред „второто деби“ за Манчестер Јунајтед, е сигурен дека ќе продолжи со добри игри, иако истакнува дека е малку нервозен. Тој се сети и на неговиот прв настап во 2003 година на овој терен и истакна дека нервозата што повторно го обзема е многу слична.

Роналдо потпиша двегодишен договор со „црвените ѓаволи“, со можност за продолжување на уште една сезона, а пред новиот почеток изрази верување дека ќе продолжи со сегашното темпо.

„Тука сум за да продолжам по патот на успехот, освоив многу трофеи и сакам да продолжам во ист стил. Знам дека сум способен за тоа, заедно со моите соиграчи“, изјави Кристијано.

Португалецот во сабота повторно ќе игра за Јунајтед по 12 години, а ривал на „Олд Трафорд“ ќе му биде Њукасл.

„Од моментот кога слетав во Манчестер почувствував добра енергија, ова се луѓето кои ме гледаа како растам и напредувам во клубот. Дојдов на 18 години, полн со страст за фудбалот и докажување. Кога дебитирав во дресот на клубот во 2003. бев крајно нервозен бидејќи не очекував да бидам стартер, дури ни да влезам од клупата. Ќе бидам нервозен во сабота против Њукасл, но сега сум многу позрел, поискусен и подготвен за сите предизвици“, изјави Роналдо за клупската телевизија.