Скандал во квалификациите: Фудбалер играл допингуван и постигнал два гола

од Nikola Popovski
328 прегледи

Казахстанскиот фудбалер Руслан Валиулин бил позитивен на анти-допинг тест, беше објавено по натпреварот од квалификациите за СП против Украина, кој заврши со резултат 2:2.

Играчот од средниот ред на Тобол беше двоен стрелец на натпреварот.

Тој доби позитивен наод за присуство на недозволени супстанции откако беше тестиран по натпреварот помеѓу Жилина и Тобол на 12 август во квалификациите за Лигата на Конференција, но казахстанскиот клуб испратил писмо до Федерацијата дури на 2 септември, ден потоа натпреварот со Украина.

Според правилата на УЕФА, Казахстан не може да биде казнет, ​​а Украина нема да добие бодови на зелена маса, бидејќи еден случај на допинг во тимот не е доволен за одземање бодови.

Фото: Getty Images

Слични содржини