263
Фаворит за локалните избори во Скопје немам, бидејќи не сум ја прочитал програмата на ниту еден кандидат, вели поранешниот градоначалник на градот, Трифун Костовски, гостувајќи во емисијата „Жешко политичко лето“.
Тој наведе дека би сакал да ги прочита сите програми.
-Секако ќе ја добијат мојата поддршка тие што најдобро ќе умеат да кажат и што ќе сработат. Во Македонија, децентрализацијата е во еден зачеток и мора да продолжиме. Тоа што има повеќе кандидати за градот Скопје е доказ за мене дека луѓето веќе се заситени од актуелните политички партии и нивните кандидати, посочува Костовски.