Филипче: Никогаш не бегав од критика, последната трагедија многу ме погоди

од Nikola Popovski
258 прегледи

Секогаш пред граѓаните стоев одговорно и транспарентно, соопштувајќи ги сите и добри и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата, рече министерот за здравство, Венко Филипче на кратката прес-конференција, на која соопшти дека поднесува оставка.

Според него, сите донесени одлуки биле со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните.

-Последната трагедија многу ме погоди и жалам за загинатите и сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што може да се опише или да се надомести тоа што го загубивме. Како лекар и министер имам интегритет. Денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев. Посебно сакам да се заблагодарам на претставниците на медиумите за нивното транспарентно известување, како и за поддршката што ја добивав во најтешните моменти во борбата против пандемијата, рече Филипче во своето обраќање.

Слични содржини