794
На 09.09.2021 во 18.20 во с.Глумово, скопско од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиени информации и издадена судска наредба, е лишен од слобода М.П.(30) од Скопје.
При извршен претрес врз него, во неговиот дом и викенд куќа пронајдени се марихуана, метамфетамин и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.