Џенифер Лопез и Бен Афлек синоќа се појавија заедно на црвениот тепих во Венеција. Двојката, која ја обнови врската речиси 20 години по раскинувањето, ги воодушевија сите обожаватели со синоќешното доаѓање на премиерата на „Последниот дуел“ на филмскиот фестивал во Венеција.
Ова е нивно прво официјално појавување во јавноста откако ја обновија својата врска.
Двајцата на црвениот тепих не криеја дека се многу вљубени, а Афлек цело време ја бакнуваше и гушкаше Џенифер. Сите светски медиуми се преполни со нивните фотографии утрово, а Џенифер се потруди да се зборува за нејзиниот фустан.
Актерката дојде на црвениот тепих во бела креација на дизајнерот „Georges Hobeika“ и покажа длабоко деколте. Внимание привлече и дијамантскиот ѓердан.
Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа во 2001 година, а се верија во 2002 година. Веридбата заврши една година подоцна.
Во април оваа година, тие повторно беа снимени заедно и ги израдуваа сите нивни обожаватели.