Британската кралица Елизабета денеска им оддаде почит на жртвите кои загинаа на 11 септември 2001 година во нападот врз Светскиот трговски центар во САД.
Во пораката до американскиот претседател Џо Бајден, кралицата рече дека нејзините мисли и молитви, како и мислите на нејзиното семејство и целата нација, остануваат со жртвите, преживеаните и погодените семејства, како и со службите за итни случаи и спасувачите, пренесе Ројтерс.
– Мојата посета на Светскиот трговски центар во 2010 година ми е врежана во сеќавањата. Ме потсетува дека, додека им оддаваме почит на оние од многу нации, религии и потекла, кои ги загубија своите животи, ние исто така оддаваме почит на издржливоста и одлучноста на заедниците што се обединија за обнова – рече кралицата Елизабета.