Германски експертски тимови пристигнаа во Тетово

од Берта Китинска
172 прегледи

Денеска пристигнаа експертските тимови од Германија коишто треба да спроведат стручна експертиза за причините за пожарот на модуларната болница во Тетово.

Владата пред неколку дена соопшти дека била потврдена поддршката од Германија за да пристигнат стручни лица во земјава со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Тимот кој доаѓа од Германија е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Вчера беа погребани жртвите од несреќата, откако претходно на нив беше направена обдукција и идентификација од страна на судска медицина.