Талибанското знаме се вее над претседателската палата во Кабул на денот по повод 20 -годишнината од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД.
Денешната годишнина доаѓа само неколку недели откако американските војници се повлекоа од Авганистан, a Талибанците се вратија на власт, кои се поврзани со Ал Каеда, милитантната муслиманска организација која го изврши нападот во 2001 година.
Знамето на Талибанците беше подигнато во петокот.
САД денеска ја одбележуваат годишнината од терористичкиот напад предводен од Осама бин Ладен, основачот на Ал Каеда.