494
Во обид да се стекне политички поени, вчера се договорени шест трактори со грозје да одат пред откупниот центар на „Тиквеш“ во Кавадарци и да бараат да им се откупи грозјето за кое претходно не доставиле примерок, велат извори за „Локално“.
Откако контролорите на квалитет од Тиквеш побарале од шесте инструирани лозари да го достават истото грозје кое пријавиле како примерок, овој момент се користи како тригер и активира партиски активисти кои вчера вечер истурале грозје пред Тиквеш поради наводен револт.
На јавноста и лозарите познато им е дека годинава грозјето се откупува за 20-30% повисока цена од лани, но некој ги потценил и се обидел да ги манипулира лозарите во обидот да стигне до глас повеќе на локалните избори.