Во понеделник и вторник без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош и Сарај.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на село Волково улица „24″, општина Ѓорче Петров и тоа во период од 10 до 14 часот, во периодот од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат и корисниците на дел од населба Лисиче – подулица Врполе број 1, 3 и 5, дел од улица „Мите Богоевски”, општина Аеродром, во периодот од 09:30 до 10:30 часот, корисниците на дел од улица „Гиго Михајловски” зграда број девет влез три, во општина Карпош.

Додека во вторник, во периодот од 09 до 15 часот, без електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од улица „Леринска” и „Загребска”, во општина Карпош, и во периодот од 09 до 11 часот, корисниците на ,,Млекара” бензиска пумпа – Сарај, стопански објекти „Адеми Иљаз”, „Ислам Абази”, во општина Сарај.

Слични содржини