Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање кои се неговите очекувања и каква изборна кампања ќе води партијата, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води исклучиво позитивна кампања и на граѓаните ќе им понуди иднина, надеж и визија на претстојните локални избори.
Во однос на она кое што тој лично го очекува од изборите, нагласи дека 20-тина политички се обединиле во опозицискиот блок заедно со коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива создавајќи коалиција поголема од сегашната владина коалиција, односно како што рече тој има и такви политички партии кои и овој пат се обиделе да создадат раздор во опозицијата, нагласувајќи дека верува во мудроста на народот и нема да го дадат својот глас за овие, како што тој ги нарече, лажни политичари.
– Навистина сум задоволен што за прв пат во историјата на независна Македонија, имаме ваков голем опозициски блок кој што ќе нанесе сериозен пораз на владината коалиција на овие избори, за која што гледаме дека полека почна да има определена функционална дисипација, неколку владини коалициони партнери настапуваат на овие избори самостојно и со листи, но и со кандидати за градоначалници, кажа Мицкоски.