Д-р Даниловски: Зарем дел од докторите не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР-тест?

од Nikola Popovski
381 прегледи

Проф. д-р Драган Даниловски во колумна остро ја критикува Лекарската комора на Македонија.

-Ги повика надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија, „во услови на непостоење на национални протоколи“ (значи, признава дека нема протоколи!) „да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации.

Да споделат стручни ставови!? А зошто не ги повика да изготват протоколи за третман на ковид!? Зошто се бега од протоколи? Зарем досега не стана јасно дека без протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“? Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!?, прашува д-р Даниловски.

Според него, дел од нашиве доктори не знаат дека антибиотици не делуваат на вируси.

-Зарем не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР тест? Или само за „црвено грло“? Или само за сува кашлица? Или за растечен нос? Зарем не знаат дека не се дава „за да не се спушти на плуќа“?

Зарем не знаат дека антибиотик не се дава дури и при присутна атипична (вирусна) пневмонија, ако нема доказ во крвната слика за присуство на бактериска инфекција? Зошто буквално се апстрахира крвната слика? Зарем не знаат дека основен столб на одбраната на организмот е сопствениот имунолошки систем? Зарем не знаат дека тој е под „команда“ на цревната бактериска флора?, истакнува докторот.

Целата колумна можете да ја прочитате на следникот линк.

Слични содржини