Клоп: Елиот има тешка повреда на глуждот

од Nikola Popovski
262 прегледи

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот фудбалер Харви Елиот е тешко повреден на вечерашниот натпревар против Лидс, и дека неговиот тим после тоа го загубил ритамот, иако остварил убедлива победа.

„Харви Елиот е во болница, се работи за тешка повреда на глуждот. Изгледаше како да е дислоцирано, лекарите го вратија назад. Тоа е огромна болка и голем шок за него, за нас, но не знаеме ништо повеќе. Мораме да почекаме“, рече тој.за Би-Би-Си.

Ливерпул вечерва го победи Лидс со 3: 0 на „Еланд Роуд“, а натпреварот го одбележа тешката повреда на 18-годишниот Елиот, после стартот на дефанзивецот на Лидс, Паскал Страјк. До двајцата беше Салах, кој виде што се случи и веднаш го повика медицинскиот тим на терен, а потоа ги покри очите со рацете.

Страјк беше исклучен, а Клоп рече дека црвениот картон не е важен.

„Не ми е грижа дали е црвен картон, не е моја работа. Повредата е сериозна за 18-годишно момче. Црвениот картон не е важен, тој може да игра (Страјк) за две или три недели , а Харви нема да може“, наведе тој.

„Игравме многу добро додека Харви не излезе, по што целиот тим беше во шок и го загуби ритамот. Тоа е нормално, човечки. Игравме најдобро што можевме против Лидс. Мора да бидете подготвени за силно темпо. Публиката беше таму, тоа беше возбудлив натпревар и заслужено победивме“, додаде Клоп.

Слични содржини