216
Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот „Титаник“, предвидена за утре, се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од ковид-19.
Како што се наведува во соопштението, рочиштето за овој случај е презакажено за 22 септември.
Во судењето за најголемиот предмет на СЈО „Титаник“ Покрај Никола Груевски и Билјана Бришковска – Бошковски, за серија кривични дела во врска со изборен криминал во „Титаник“ се обвинети и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.