Ескобар: Мора да ѝ се дозволи на Македонија да го продолжи патот по кој макотрпно работеше

од Nikola Popovski
252 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, вели дека САД ќе ја искористат секоја прилика да помогнат и да ги поддржат напорите на ЕУ во постигнувањето договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, вклучително и заеднички посети на регионот. Во својот прв јавен настап по преземањето на функцијата специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Ескобар, одговарајќи на прашање на Танјуг, наведе конкретни начини на кои Вашингтон ќе го поддржи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„САД, преку своите амбасади во Белград и Приштина, работат на спроведување на постигнатите договори. Ги охрабруваме лидерите да ја посветат својата енергија на дијалог, а не да го заобиколат, за да спроведат сe што тие или нивните претходници се согласија во рамките на бриселскиот процес“, рече Ескобар.

Во одговор за српската агенција Танјуг, Габриел Ескобар изјави дека не ја исклучува можноста да го посети регионот со Лајчак и да разговара со лидерите и страните во дијалогот.

Тој уште еднаш ги повикал земјите членки на ЕУ да изнајдат решение за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

– Што се однесува до Македонија и Бугарија ова мора веднаш да се реши и да и се дозволи на Македонија да го продолжи патот по кој макотрпно работеше за резултати. Се согласувам дека ова билатерално прашање не смее да го попречи процесот на проширување и се надевам дека ЕУ ќе изнајде механизам за да се реши, рече Ескобар.

Слични содржини