334
Од СВР Скопје информираа дека, синоќа, половина час пред полноќ, добиле пријава од страна на 38-годишниот В.С. од Радовиш дека истот ден околу 16 часот во спортска сала во скопската населба Радишани бил нападнат неговиот малолетен внук.
Според пријавата, по претходно нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе малолетници, момчето било физички нападнато од неколку лица, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.