Асад се сретна со Путин во ненајавена посета на Москва

од Vladimir Zorba
472 прегледи

Сирискиот претседател Башар ал Асад се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ за време на ненајавената посета на Москва.

Путин му го честиташе неодамнешниот роденден на Асад, како и победата на претседателските избори. Претседателот на Русија оцени дека главниот проблем е присуството на странски војници во некои делови на Сирија без одлука на Обединетите нации, што, како што посочи, е спротивно на меѓународното право.

Рускиот претседател додаде дека обезбедиле вакцини „Спутник“ и „Спутник лајт“ за Сирија за борба против корона вирусот.

Асад пак посочи дека одредени земји имаат деструктивно влијание врз можноста за политички процеси во Сирија. Тој ги окарактеризира санкциите против Сирија како „нехумани и нелегитимни“.

Слични содржини