Владата на седница ќе ги разгледува предлог измените на Договорот за слободна трговија со ЕФТА државите

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 14.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 106-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за надворешни работи ќе биде разгледан Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и ЕФТА државите, според кој Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии-Царинска управа се определуваат како надлежни органи на државната управа што ќе се грижат за извршување на измените и дополнувањата на Договорот.

Покрај другото, на седницата, пред министрите за разгледување ќе се најдат и информации за проекти на одделни министерства, како и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата и со цел поголема транспарентност во работењето.