200
Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓааат во своите домови, информираат од ковид-центарот при Клиничката болница. За 24 часа починала една пациентка со ковид-19, родена 1963 година хоспитализирана во интернистичиот блок на ковид-центарот.
– Седум пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница се пуштени дома, додека другите се се уште се хоспитализирани. Ковид центрот кај нас има доволен персонал за здравствена заштита, изјави за МИА денес д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот.