Хенес за засилувањето на Реал: Ми призна дека сон му е да го облече дресот на Барса

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Екс претседателот на Баерн, Ули Хенес откри дека поранешниот дефанзивец на Баерн, Давид Алаба, му рекол дека неговиот сон е да игра за Барселона.

Како што е познато, Алаба летово премина од Баерн во Реал Мадрид како слободен играч, а оваа изјава на Хенес сигурно нема да му одговара, ниту на навивачите на Реал.

– Алаба еднаш ми рече: „Мојот сон е да играм за Барселона еден ден“. Го прашав дали ќе преговара со клубот или со нивниот стечаен управник, рече Хенес.

Вечерва, во првото коло од Лигата на шампионите, Баерн ќе игра против Барселона, која веќе не е истиот тим по заминувањето на Меси.

– Барселона повеќе не е наш пример. Баерн е фаворит бидејќи Барселона продаде важни играчи, а има и економски проблеми, изјави Хенес.

Слични содржини