Ангеловски: Секој сака да стигне една минута порано, но таа минута може да чини живот

од Берта Китинска
299 прегледи

Ако во август лани имавме 19 жртви на патиштата, овој август имаше само 3. Ако ланскиот септември имавме 15 жртви, досега имаме само една и се надеваме дека ќе остане така, вели  портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој истакна дека правилата мора да се почитуваат и дека важат за сите затоа што со тоа се заштитуваме и себеси но и другите во сообраќајот. Сепак, во текот на вчерашниот ден се изречени дури 310 казни за пречекорување на брзината.

-Секој сака да стигне една минута порано, но таа минута може да чини живот. Ирелевантна е големината на казната, важното е да се зачува животот, вели Ангеловски.

Слични содржини