Корегирани откупните цени: 10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“

од Берта Китинска
397 прегледи

Претставници на винарските визби и министерот за земјоделство се договорија откупната цена на грозјето од сортата „смедеревка“ да изнесува 10 денари за килограм, додека за сортата „Вранец“ да изнесува 12 денари.

Како што соопшти Министерството за земјоделството, корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва, а Хоџа го реафирмирал ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од два денара  за лозарите.

-Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини, наведува МЗШВ.

Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва.

Слични содржини