Првиот вицепремиер Артан Груби денеска пред новинарите изјави дека вистинското прашање е зошто лидерот на Алијанса за Албаците, Зијадин Села не го прашал Христијан Мицкоски што барал на 27-ми септември во Собранието и зошто Села не побарал извинување од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што му се случи на тој датум.
-Тој треба да им објасни на своите гласачи зошто за потребите на Таравари жртвува цела политичка кариера. Второто прашање тука е зошто самиот Села или Таравари не биле во Тетово да ги посетат семејствата на починатите или местото. Тие само ја злоупотревуваат трагедијата за ситни политички поени пред изборите, вели Груби.
Села, синоќа во емисијата 24 анализа, праша што барал вицепремиерот Артан груби, заедно со 20-на партиски членови, да шета кај изгорената модуларната болница во Тетово, уште следниот ден по трагедијата, истакнувајќи дека истрагата сe уште траела.