Мора да има одговорност и оставка на надлежните за пожарот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Тетово, каде што бил во посета на едно семејство, кое загубило свој близок член во трагедијата во модуларната ковид-болница.
За изјавата на премиерот Зоран Заев дека целата Владата не треба да поднесе оставка по пожарот, Мицкоски смета дека премиерот се поистоветува со функцијата „тоа сум јас“.
-Тој не чувствува морална одговорност и тоа ми предизвикува благо чувство на гадење. Не очекувам објективна истрага, затоа што објектот немал дозвола за употреба. Не треба да имас големо познавање за да знаеш дека таков објект не се пушта во употреба. Што повеќе од тоа, рече Мицкоски.