Европската комисија формираше ново здравствено кризно тело кое ќе координира со фондовите на ЕУ од речиси 30 милијарди евра наменети за подготовки за идните пандемии.
Агенцијата за подготвеност и одговор за вонредни состојби во здравството (ХЕРА) ќе ги процени потенцијалните закани по здравјето, ќе промовира истражување, ќе обезбеди достапност на витално производство и ќе помогне да се обезбедат резерви, соопшти Европската комисија, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено, во случај на нова здравствена криза, ова тело ги активира механизмите за итно финансирање и помага да се координира следењето, набавката и купувањето медицинска опрема или третман.
Надлежностите на агенциите се делумно дизајнирани да избегнат повторување на ситуацијата кога членките на ЕУ преземаа индивидуални мерки на почетокот на пандемијата со Ковид -19, од кои некои беа неефикасни, а други на сметка на другите членки на ЕУ.
Новото тело ќе биде додаток, заедно со другите здравствени агенции на ЕУ – Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Потпретседателката на Европската комисија Маргаритис Шинас рече дека двете агенции се зајакнати, но само тоа не е доволно.
ХЕРА, која треба да биде целосно оперативна во почетокот на 2022 година, ќе има на располагање 6 милијарди евра од буџетот на ЕУ за 2022-2027 година, што, заедно со другите програми, ќе ги зголеми вкупните трошоци на ЕУ за здравствена безбедност на речиси 30 милијарди евра.