Папата Франциск им се обрати на новинарите на летот од Словачка за Италија и го коментираше отпорот кон вакцинацијата што исто така постои во врвот на Католичката црква.
Папата рекол дека не може да објасни зошто некои кардинали се скептични во врска со вакцината против Ковид-19.
„Ова е невообичаено со оглед на тоа што човештвото има историја на пријателство со вакцините“, рече папата, кој беше вакциниран против корона.
Тој, исто така, изјави дека еден кардинал кој не бил вакциниран завршил на интензивна нега откако се заразил со коронавирусот. Папата не кажа за кого станува збор, но се верува дека станува збор за американскиот кардинал Рејмонд Брук, познат по своите ставови против вакцинација.
Пред да заврши на единицата за интензивна нега, Брук тврдеше дека вакцините се развиени „со користење на клетките на абортираните фетуси“ и дека за време на вакцинацијата „еден вид микрочип се става под кожата со чија помош државата ве контролира“.
-Дури и меѓу кардиналите, има и такви кои одбиваат вакцини. Еден од нив, заврши во болница поради вирусот. Тоа е една од иронијата на животот, рече папата Франциск.
Тој додаде дека речиси сите во Ватикан се вакцинирани и дека сега „размислуваат како да им помогнат“ на оние кои се уште се скептични во врска со вакцината.
-Како деца, сите бевме вакцинирани против детска парализа и сипаници и тогаш никој не протестираше, додал папата.