Нови ригорозни правила во Словенија: Сите јавни службеници мора да се вакцинираат, тестот веќе не е доволен

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Сите вработени во државната администрација во Словенија ќе треба да се вакцинираат против „Ковид-19“, а негативниот тест за коронавирус веќе нема да им биде доволен за да дојдат на работа, како и за другите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката влада.

За да можат да работат, секој ќе треба да докаже дека ја примил првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучи за вакцината „Џонсон и Џонсон“, која обезбедува заштита по една доза.

Одлуката да се даде пример за остатокот од населението да се вакцинираат што е можно поскоро, ја донесе владата на седница доцна синоќа, а подетално ќе биде објаснетаденеска на прес -конференција.

Заострувањето на анти-епидемиските мерки според кои за работа, јавниот превоз, одењето во трговски центар, банка или пошта и голем број други активности се бара сертификат за вакцинација против ковид или негативен тест е во сила од средата, кога на улиците излегоа демонстранти против кои интервенираше и полицијата.

Според објавената анкета пренесена од медиумите, повеќе од 40 проценти од луѓето се против такво заострување, а многу т.н. „ПЦТ услови“ се сметаат за дискриминаторски. Министерот за здравство, Јанез Поклукар го негира ова и за Словенска телевизија рече дека владината одлука им дава само одредена „социјална корист“ на оние што се вакцинираат и со тоа го штитат своето здравје и здравјето на другите.

Премиерот Јанез Јанша рече дека и покрај протестите, владата нема да се откаже од своите мерки против ширење на инфекцијата, а ограничувањата во голема мера го зголемија интересот за вакцинација по објавувањето.

Владиниот портпарол за вакцинација, Јелко Кацин рече дека од почетокот на овој месец, бројот на вакцинирани неделно е зголемен за два до три пати, така што оваа недела би можеле да се вакцинираат до 35.000 луѓе.

Слични содржини