Четири „транс жени“ можат да влезат во Бундестагот од септември

од Vladimir Zorba
370 прегледи

По претстојните парламентарни избори во Германија, кои се закажани за 26 септември, четири трансродови лица, кои се на листата на кандидати на Социјалдемократската партија (СПД) и Зелените, би можеле да влезат во Бундестагот.

Кој сака Теса, мора да гласа за Ганзерер – стои на плакатите на Зелените, а на нив е сликата на жена со долга руса коса, која се смее во камера.

Станува збор за кандидат кој има машко име Маркус, од кое се откажал пред три години, бидејќи не се поистоветува со него.

Ганзерер беше член на Зелените во Провинциското собрание на Зелените во Баварија, првите години под машко име.

Во ноември 2018 година, Ганзерер излезе во јавноста како транссексуална личност и прв таков политичар во германскиот парламент.

Оттогаш, таа јавно настапува како Теса Ганзерер.

Ганзерер одби официјално да го промени името и полот според Законот за транссексуалност.

Имено, тој закон, стар 41 година, предвидува дека лицето кое сака да ги направи тие промени може да го побара по барем еден психолошки тест и судска одлука.

Затоа Ганзерер има машко име во своите документи.

Покрај Теса Ганзерер, во Бундестагот би можеле да влезат уште три трансродови лица, Викторија Бросарт, Нике Славик, двете од Партијата на Зелените, како и социјалдемократот Рио Сибил Гејер.

– Овие избори се историски момент – изјави Габриел Нокс Коениг од Федералното здружение „Транс“.

Слични содржини