Николовски: Сончева електрична централа и ветерен парк, две нови стратешки инвестиции во енергетиката

од Vladimir Zorba
266 прегледи

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев донесе одлука за реализација на две нови стратешки инвестиции во енергетиката“, соопшти на прес-конференција, Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ.

„На последната седница Владата како стратешки проекти ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот сектор ќе добие дополнителни два нови извори на обновлива енергија.

Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

За потсетување, пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со природен гас“, посочи тој.

Слични содржини